Англиските ангорски зајаци потекнуваат од комерцијално познатите француски ангорски зајаци како раса за прикажување. Зајаците од оваа раса се украсени со израстоци на волна на врвовите на ушите и предните стапала, продолжувајќи целосно со волната на нивното танко тело.Тие се нежни по природа, одлични придружници за вашите деца и не се препорачуваат за оние кои не уживаат во одржувањето на нивното крзно. Имаат способност одлично да се поврзат со луѓето. Имаат потреба од големо внимание. Англискиот ангорски зајак е една од најмалите видови на зајаци. Најголемиот од овие зајаци има тежина од околу 3 килограми.Најчесто се одгледуваат заради нивната волна која е мазна и нежна. Тие имаат хумористичен изглед затоа што потсетуваат на волнена топка. Повеќето се мирни и кротки, и потребна е голема внимателност при нивното одгледување. Чешлањето е неопходно за да се спречи сплеткување на крзното. Состојбата „блокирање на волната“ е честа кај ангорскиот вид на зајаци и потребно е набрзина да се среди, не само поради изгледот на зајакот туку и поради неговото здравје. Овие зајаци треба да се потстрижуваат секои 3 до 4 месеци низ годината, а нивната волна да се одржува два пати неделно. Нема да зажалите доколку имате англиски ангорски зајак за милениче, дефинитивно ќе го разубави вашиот дом и со изгледот и со прекрасната природа.