Потекло: Малта Број на стандард: 65 Надимак(Прекар): Малтезер Висина на мажјак: 21-25 цм Висина на женка: 20-23 цм Тежина на мажјак: 1.8 – 3.2 кг Тежина на женка: 1.8 – 3.2 кг Животен век: 15 и повеќе години
Карактер и нега:
Нежно заоблената широка глава, е истакната со долго, свилено, снежнобело влакно. Иако е познат од одамна, на малтезерот, изгледа, својата популарност му ја одземале другите домашни миленици и денес се поретко се гледа на изложбите. Штета, со тоа што станува збор за весело, здраво, долговечно куче, кое е добро со деца и е доста мило. Добро се прилагодува на вежби и команди, но потребно е секојдневно четкање со тврда четка, а при подготвување на кучето за изложба, на сопствениците им се препорачува советување со одгледувач.