Потекло: Велика Британија / Шкотска
Број на стандард: 85
Надимак(Прекар): Вести
Висина на мажјак: 25-30 цм
Висина на женка: 23-28 цм
Тежина на мажјак: 7-10 кг
Тежина на женка: 6-7 кг
Животен век: 15 и повеќе години
Карактер и нега:
Доста мил, а и со своите исправени уши и со црната муцка, западношкотскиот бел териер е сепак териер кој својата вештина може да ја покаже во лов. Вести е опишан како куче кое е свесно за својот изглед на ловец. Овој разигран и бестрашен мал териер лесно се дресира. Одлично се согласува со деца и е многу мирен домашен миленик, како во урбана средина, така и на село. Редовно одржување на влакното се прави со секојдневно четкање, а шишање и потсктратување на влакново е потребно за изложба. Најубаво е да се совеувате за подготовките за изложување, а истото да го направите во совет со одгледувач.