Беверен расата на зајаци е развиена во Беверен, Белгија во 19-от век. Добиена е со вкрстување на расите „брабанконе“ и „блу виена“ и е многу ретка раса која се вбројува во најстарите раси на зајаци. Овој зајак има средна должина и препознатлива мандолинска форма. Грбот е широк и месест, додека слабината е длабока и мека. Рамената се цврсти, а колковите се мазни.Гледајки го овој зајак од страна телото му е чист и дефиниран лак. Главата е полна од врвот до долниот дел. Ушите се поставено во форма на V, а нивната должина е 12 сантиметри и повеќе. Имаат моќни нозе со добра коскена структура. Крзното е често и сјајно. Беверен ги има во сина, бела, црна, кафена и лилава боја. Бојата на очите е сино-сива кај сините зајаци, сјајно сина во белите, и темно кафена во црните зајаци. Должината на обвивката е околу 3 до 4 сантиметри. Тежината е од 3 до 5 килограми.Овие зајаци се со добро однесување, чисти, паметни и енергични. Тие сакаат да ја истражуваат надворешноста. Споредена со другите раси, оваа раса е позрела од другите и помирна, а тоа ги прави Беверен зајаците многу добри како домашни миленици. Исто така Беверен зајаците се кротки и питоми и добри се како мајки