- 1. Исхрана
Преку целиот ден зајачето треба да има квалитетно сено и свежа вода. Основна компонента во исхраната на зајачињата е квалитетно сено! Квалитетното сено е богато со влакна, кое што ја потпомогнува добрата дигесија што е важна не само за раст и развој, размножување и одгледување, туку првенствено како заштита против дигестивните проблеми и потешкотии! - 1-2 пати дневно, треба да им се дава мешавина (пелетирана храна), специјално наменета за зајачиња
- Водата треба да им биде постојано свежа и достапна. Препорачливо е да им се менува еднаш во денот.
- Кога ќе може да давате свежа и сочна храна, (после 6 месеци) на почетокот треба тоа да биде во мали количини (малку по малку за постепено да се навикнува).
- Неколку пати во неделата може да му давате зеленчук и овошје
- Да не се дава свежа трева
- Зајачето треба да ги троши своите заби, кои постојано растат (околу 1см за еден месец). За изострување на забите, но исто така како извор на соли и минерали, служат минералните камења за зајаци. Гранки од дрво (јаболко, лешник итн.) се исто така одлични за трошење на забите.
- Зајачето, секако, може лесно да се приспособи на живот во стан. Затоа е потребно да му се обезбеди кафез, кој ги има во продавниците за миленичиња. Идеална должина за кафезот е 100 см, а минимална должина од 70-80 см. Должината зависи од тоа колку често ќе му се дава можност за движење и трчање низ вашиот дом.
- Исто така е неопходно зајачето да има своја куќарка, каде што ќе може да се крие кога ќе сака да се одмори или ако е женско, кога ќе има малечки.
- Водилка - (250мл – 500мл)
- Држач за сено - Погодни се пластичните , бидејќи сеното не паѓа на земја, кои се ставаат од надворешната страна на кафезот.
- Повеќе внимание треба да се посвети на пределите околу вратот, стомакот и задните нозе, каде што крзното најмногу се заплеткува.
- За време на многу жешките лета, може да се скрати крзното на зајачето, во зима повторно ќе порасне. Митарење- кај младите започнува на 8 недели, потоа на 4-от и 7-от месец. Возрасните на пролет и есен.
- Транспортер - потребен не само за првиот пат кога ќе оди во новиот дом, туку исто така за други патувања (на викендица, на ветеринар и сл.)