Манксот e мачка без опашка, која името го добила по малиот остров Ман, кој се наоѓа во близина на Ирска. Манксот е одличнен куќен миленик. Многу добро се адаптира во сите услови на живеење па нема проблеми ако сакате да ја чувате во стан. Трпелива е во друштво на деца.Многу е друштвена и со други куќни миленици лесно се привикнува да живее.Се врзува за своите сопственици па не се препорачува да и се менува сопственикот. Одличен е ловец и дома е многу активна и сака да се игра. Поради краткото влакно лесно се одржува со повремени четкања. Поради веќе споментите проблеми со смртноста на мачињата уште во утробата на мајката, тешко се одгледува и треба стрпливост и многу љубов во нејзиното одгледување.