Розенколисот (Agapornis Roseicollis) или т.н. Љубовна птица потекнува од Југо-источна Африка, а името го добила по нејзините лични карактеристики како мила, привлечна,приврзана и цврста птица која живее со одбраниот партнер во моногамна заедница до крајот на својот живот. Оваа птица може да го одбие својот партнер само во случај да не си одговараат. Најзастапени во светот се Розенколисите со црвено/портокалова глава и образи, , но кај одгледувачите на овие птици може да се сретнат повеќе видови на колоритни мутации. Исто така често е застапена и т.н. Љубовна птица со црна маска. Розенколисите се мали и многу интелигентни папагали во споредба со многу други папагали со поголем раст. Тие имаа широк спектар на гласовни можности, вклучувајќи го и имитирањето на човечки говор. Тие знаат да се приврзат кон луѓето и тоа ги прави посебни и одлични домашни миленичиња. Сепак, на овие птици осаменоста не им прилега, на нив им е потребен соодветен партнер со кој ќе го минуваат денот постојано галејќи се, а со тоа се исполнува нивната потреба за искажување љубов и приврзаност. Розенколисите не се птици на кои им се посветува малко внимание, односно тие не треба да бидат запуштени и запоставени,тоа негативно се одразува на нив. Овие птици како домашни миленичиња се многу живи и весели. Просечен животен век на овие птици изнесува од 10 до 15 години. Нивната просечна големина изнесува од 13 до 19 cm, а тежат околу 40 до 50 gr, најголема тежина достигнуваат розенколисите со црвено/жолта глава и образи, од 50 до 60 gr. Мажјакот и женката розенколиси се многу слични едни на други и кај нив не постои сексуална диморфизација, односно не може визуелно да се одреди полот. Промената во однесувањето кај женката – розенколис е еден од начините за одредување на полот. Таканареченото китењето на на пердувите од својата опашка со парчиња хартија или дрвца, е карактеристика за женката-розенколис, која потоа целиот материјал на нејзинaта опашка таа го внесува во гнездо. Исто така постои можност полот да се одреди според ширината на нозете, односно поблиску поставени и поцврсти нозе кај мажјакот, а поодалечено поставени и пофлексибилни кај женката. Розенколисите се спаруваат после 9тата недела, кога и созреваат. Женката снесува 3 до 10 јајца