Розела (Platycercus) е вид на папагал кој потекнува од југо-источна Австралија и Тасманија.Неа исто така ја има и во Нов Зеланд. Многу малку птици во светот ја имаат убавината на оваа птица. Розелата е многу популарна помеѓу одгледувачите на птици поради нејзините впечатливи бои како и поради фактот што таа е мирна птица во споредба со останатите птици од видот на папагали. Оваа птица е жител на шумите, фармите, приградските паркови и градините. Розелата расте помеѓу 25-34 cm, а возрасните розели се многу колоритни. Додека е млада птицата, таа има не толку изразени бои на своите пердуви. После второто митарење, розелата добива посјајни и повпечатливи бои, а овој период го означува и нејзината сексуална зрелост. Бело-челата розела (Platycercus adscitus) или популарно викана Сина розела е популарното домашно милениче. Оваа розела не преставува нов подвид на птицата розела, туку е нејзина мутација. За разлика од црвената розела, кај сината розела доминира сината боја на пердувите на кријлата и опашката, додека пак на нејзината глава и вратот пердувите се белузлави и жолтеникави. Како и кај црвената розела, еден од начините за разликување на полот кај сината розела се белите пруги под крилјата, односно овие пруги не се јавуваат кај женката. Просечна големина на овие птици изнесува од 28 до 32 cm и тешат во просек до 100 gr. Иако на прв поглед мажјакот и женката сина розела изгледаат слично, женката е со помал раст од мажјакот и има помал клун, а кај неа отсуствуваат белите пруги под крилјата. Овие птици можат да се парат после второто митарење односно после 8миот, а најдобро после 9тиот месец. Незрелите односно малите розели, се слични на црвените розели, бидејќи кај нив се јавуваат црвени пердуви на задниот дел од главата, кои подоцна ќе се изгубат после второто митарење. Во принцип, розелите се парат еднаш до два пати годишно. Кога се одгледуваат во домашни услови, потребно е да се исполнат неколку предуслови од кои зависи успехот на парењето. Имено, на овие птици им е потребна топлина, односно затоплена просторија со постојано одржана температура во која розелите ќе се аклиматизираат. Женката снесува 4 до 6 јајца, а периодот на нивна инкубација трае 21 ден. За време на инкубацијата, женката-розела ја прехранува мажјакот.Младите се спремни да излезат од гнездото дури после 4тата или 5тата недела од завршувањето на инкубацијата.По овој период младите е пожелно дасе одвојат од своите родители, со цел да се осамостојат побрзо. Доколку сакате побрзо да ги припитомите овие птици, препорачливо е младите да се одвојат од родителите на возраст од 3 недели и да се хранат рачно. Розелата, во своето природно живеалиште, се харни со ларви, посебно за време на сезоната за парење, кога им нивниот организам има потреба од повеќе протеини. Кога се чува во домашни услови, храната на розелата изобилува со канаринско семе, семенски мешавини, сончоглед, шафранка.