Teddy (Teddyzwerge)- малото влакнесто мече, е вистински и соодветен опис на мало, нежно и многу шармантно зајаче со меко и убаво долго крзно. Џуџестото Teddy зајаче се среќава во две различни варијанти- Teddy зајаче со кратки уши (лево) и овнолико Teddyзајаче (десно).Teddy зајачето е добиено вкрстувајќи неколку раси. Најголем придонес имаат ангора зајакот и џуџестиот лисичаст зајак. Teddy зајчето како раса сеуште не е признаена, но во Германија и Холандија се работи напорно за нејзиното признавање и здобивање професионална јавност. Тоа е раса која сеуште не е конечно формирана, затоа понекогаш се случува да се појават индивидуи со подолги уши и потенка глава.Teddy зајачето е вистинско плишано милениче, со нежна и љубезна природа. Тоа е фино, пријателско, ненасилно, социјално и мило. Верно, неверојатно пријатно, уредно, чисто и педантно. Секако, не заборавајте дека тоа е живо суштество со сите потреби и никогаш не го третирајте како играчка.
Тежина - Тежината на возрасното Теddy зајаче изнесува помеѓу 800 g до 1, 700 g.Женките, за да се користат за оплодување, треба да тежат повеќе од 1000 g, помалите женки не се соодветни за оплодување. Идеална тежина за женските teddy зајачиња е околу 1, 350 g.
Тежината на возраснте teddy мажјаци треба да изнесува помеѓу 1000 g до 1350 g, идеална тежина е 1, 350 g.
Крзно - Крзното треба да биде долго низ целото тело, што погусто тоа подобро. Исто така долгото крзно, треба да биде редовно четкано и негувано за да биде лесно за одржување. Сите бои се дозволени.