Сатенскиот ангорски зајак е многу редок домашен зајак. Тој е добиен преку вкрстување на сатенскиот зајак и францускиот ангорски зајак. Заради тоа овој вид на зајаци имаат густо крзно и сатенски сјај. Нивното крзно е меко и пријатно. Во 1987ма година бил препознат како нова ангорска раса и претставува благородништво помеѓу расите. Овие зајаци се нежни и пријателски наклонети. Нив ги има во повеќе бои.
Влакната на сатенскиот ангорски зајак имаат три или повеќе различни бои. Стомакот, внатрешноста на опашката, помеѓу ушите и ноздрвите и околу очите имаат крем, бела или портокалова боја кога се работи за Агути сатенскиот зајак.Бела боја на стапалата, нозете, носот, ушите и опашката како и розовите очи се карактеристични за остро белиот сатенски зајак. Некои зајаци се со една солидна боја, додека други се со една боја на телото, а ушите, лицето, стапалата, нозете и опашката се со потемна боја.
Сатенскиот ангорски зајак има долго крзно на телото и на образите. На лицето нема долго крзно а на ушите има крзно на врвовите. Крзното има посебен сјај како материјалот сатен. Телото е средно по големина, главата е овална а ушите исправени. Овој зајак има потреба од расчешлување на крзното барем на неколку дена.Полесно е да се чешла од другите раси на ангорски зајаци, но сепак има потреба од редовно одржување. Сатенскиот ангорски зајак е прекрасен зајак со изразито ангорско крзно. Според некои испитувања е еден од најретките видови на зајаци.