Мал Александар (Psittacula krameri) е папaгал кој е визуелно привлечен и лесно скротлив. Тие се високо интелигентни птици и се одлични домашни миленичиња. Со малку труд и постојана интеракција со оваа птица, таа лесно се скротува и станува приврзана кон човекот. Исто така, во рацете на професионалци, знаат да научат да изведуваат разни трикови. Овие птици растат до 40cm во должина, а возрасната птица достигнува тежина од 140 до 160 gr. Овие птици се енергични, во постојано движење, сакаат да летаат и да истражуваат. Нивниот кафез потребно е да биде опремен со многу играчки, кои ќе го задоволат неговиот авантуристички и жив дух. Малиот Александар е гласна вокална птица, сака да зборува, свирка и испушта разни звуци. Постојат неколку видови на мутации жута-лутино,плава,бела-албино,олив,циметна,сива како и у поново време плав со бела глава,золта глава со зелено тело итн. Малите Александри стануваат зрели и спремни за репродукција во периодот од навршени 2.5 година старост. Овие птици се полово диморфни животни и полот визуелно може да се одреди според црвениот прстен на вратот, кој го има мажјакот, Мал Александар. После парењето, женката снесува 3 до 5 јајца, а периодот на инкубација трае 22 дена. Младите птици го напуштаат гнездото по навршување на старост од 4 до 5 недели. Малите Александри се хранат со овес, просо, семенска мешавина, сончоглед, светло семе, и секако неопходно е нивната исхрана да содржи овошје и зеленчук (јаболко, манго, морков, спанаќ, дршките од пиперките за тој да ги грицка и сл. ) Зелката треба да се избегнува, затоа што тоа преставува оптеретување на дигестивниот систем.