Нимфите (Numphicus hollandicus) потекнуваат од делови на централна Австралија. Тие претежно живеат во мочуриштата во Австралија. Тие се нежни и друштвени птици и се едно од најбараните домашни миленици во домовите ширум светот после тигриците.Нимфата е најмалиот член на Какаду фамилијата птици. Тиe имаат интересен изглед, постојано се активни, а исто така се способни да имитираат човечки говор, секако со претходно вложен труд од страна на сопствениците. Просечната големина на овие птици изнесува 32 cm во должина и тежат околу 125 gr. Некои мутации на нимфата, посебно лутино-то, можат да бидат и помали. Како и некои други птици од редот на Какаду фамилијата, нимфата има остар и заоблен клун. Какаду и нимфата во главно имаат слични карактеристики како што се пердувите на нивното лице кои им го покриваат страничниот дел од клунот, со единствена разлика во поголемата должина на опашката кај нимфата. Нимфите имаат жолтеникаво –бела глава со црвени обравчиња и жолтеникаво –сива кикиришка. На градите имаат посветла боја на пердуви која преовладува и на врвовите на крилјата. Под крилјата на женката може да се најдат жолтеникави точки, кои ги нема кај мажјакот. Сепак постојат неколку видови на мутации на боите на нимфите,како на пример Лутино, при што нимфата има светло жолтеникава боја. Покрај отсуството на жолти точки под крилјата, мажјакот се разликува од женката по големината на главата, интензитетот на бојата на црвените обравчиња и кај него жолтата боја е подоминантна. Нимфите се парат после 9тиот месец, кога и стануваат целосно зрели. Женката несе од 5 до 10 јајца, а периодот на инкубација трае до 19тиот ден. Младите нимфи го напуштаа гнездото после 5тата недела. Нимфите имаат просечен животен век од 15 години. Како и останатите видови на папагали, нимфата се храни со семе, просо, овес, канаринско семе, коноп, разни семенски мешавини, како и овошје и зеленчук. (јаболко, манго,морков и сл) . Исто така, во исхраната препорачливо е да се вметне варено јајце, мак и бисквити, како и минерали и разни витамини.Зелката треба да се избегнува бидејќи таа преставува оптеретување за дигестивниот систем на птицата.