Розела (Platycercus) е вид на папагал кој потекнува од југо-источна Австралија и Тасманија. Неа исто така ја има и во Нов Зеланд. Многу малку птици во светот ја имаат убавината на оваа птица. Розелата е многу популарна помеѓу одгледувачите на птици поради нејзините впечатливи бои како и поради фактот што таа е мирна птица во споредба со останатите птици од видот на папагали. Оваа птица е жител на шумите, фармите, приградските паркови и градините. Розелата расте помеѓу 25-38 cm, а возрасните розели се многу колоритни.Додека е млада птицата, таа има не толку изразени бои на своите пердуви. После второто митарење, розелата добива посјајни и повпечатливи бои, а овој период го означува и нејзината сексуална зрелост. Црвена розела (Platycercus eximius) е најпопуларното домашно милениче од другите птици од видот на розели. Таа се карактеризира со силна црвена боја на главата, пределот на градите како и долните делови од опашката. Нејзините образи се бели, а пердувите од долниот дел од градите се жолто – зелени со темни врвови.Додека пак на крилјата и опашката преовладува сината боја.Имено со овој вид на папагали е доста работено па има многу видови на мутации лутино,рубин,рубино,плава,циметни и др. Просечна големина на овие птици изнесува од 30 до 32 cm и тежат во просек до 100 gr. Женката – црвена розела во просек е со помал раст од мажјакот и има помал клун. Освен тоа градите кај женката имаат развиено црвено-жолта боја, додека кај мажјакот нема прелевање на бои. Како начин на разликување на половите е да се напомене и распоредот и големината на белиот ред пердуви кои се наоѓаат под крилјата. Овие птици можат да се парат после второто митарење односно после 8миот, а најдобро после 9тиот месец. Незрелите односно малите розели, се слични на женката-розела. Во принцип, розелите се парат еднаш до два пати годишно. Кога се одгледуваат во домашни услови, потребно е да се исполнат неколку предуслови од кои зависи успехот на парењето.Имено, на овие птици им е потребна топлина, односно затоплена просторија со постојано одржана температура во која розелите ќе се аклиматизираат. Женката снесува 4 до 6 јајца, а периодот на нивна инкубација трае 21 ден. За време на инкубацијата, женката-розела ја прехранува мажјакот.Младите се спремни да излезат од гнездото дури после 4тата или 5тата недела од завршувањето на инкубацијата.По овој период младите е пожелно дасе одвојат од своите родители, со цел да се осамостојат побрзо. Доколкусакате побрзо да ги припитомите овие птици, препорачливо е младите да се одвојат од родителите на возраст од 3 недели и да се хранат рачно. Розелата, во своето природно живеалиште, се храни со ларви, посебно за време на сезоната за парење, кога им нивниот организам има потреба од повеќе протеини. Кога се чува во домашни услови, храната на розелата изобилува со канаринско семе, семенски мешавини, сончоглед, шафранка. Покрај семето, на оваа птица и е потребно свежото овошје како на пример јаболка,капините, портокали,манго а од зеленчукот марула, краставици и компир.Покрај оваа храна потребно е да и се дава и рендано варено јајце, со напомена дека храната која се дава на оваа птица е пожелно да биде свежа храна подготвена само за неа, а не да се состои од остатоци од јадење. Исто така, исхраната треба да содржи и минерали и разни витамини.